Утрински Весник
Политички Партии

(Видео) Митева: И после два дена улиците и тротоарите се неисчистени

Слики од механизацијата на градот и општините можеме да најдеме на нивните социјални мрежи, истите се добро спакувани за собирање лајкови со цел да ја скријат жалната реалност, но и после 2 дена надлежните никаде ги нема. По се изгледа дека механизацијата се вади само за сликање, обвини Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ.

„ Сите градоначалници на Скопје се еклатантен пример што значи зборот неспособност.

Ниту еден тротоар не е исчистен, кој како ќе се снајде така оди. Среќа луѓето едни на други си помагаат, се придржуваат. А споредните улици се претворени во вистинско лизгалиште. Ова ли се тие општини со европски знаменце? Ова ли е тоа безбедно Скопје за сите?

Чија е должноста за чистење на тротоарите и споредните улици? Чија е одговорноста за преземање мерки за безбедно одвивање на сообраќајот на териториите на општините?
Или должноста е моја и на останатите граѓани?

Почитувани градоначалници, срамно е да се кажува дека се е под контрола, а сите да гледаме друга реалност. И уште едно потсетување, во Законот за локална самоуправа под надлежност се подразбира збир на работи од јавен интерес од локално значење за чие извршување општината е одговорна!“ рече Митева.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт