Утрински Весник
Македонија

(Видео) Митева: Експериментите во образованието продолжуваат

(Видео) Митева:  Експериментите во образованието продолжуваат

Експериментите во образованието продолжуваат. Додека се уште имаме ученици кои немаат услови да ја следат онлајн наставата и се насочени кон скратена наставна програма на националните телевизиски канали, сведочиме нови таканаречени реформи за воведување дигитални учебници кои иницираат дополнителна дискриминација помеѓу најмладите, обвини портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.

„Мила Царовска или како што ја нарекуваат граѓаните „министерот надлежен за укинување“ мудро се повлекува од јавни расправи, но сепак е упорна во своите намери за укинување на учебниците во основното образование. Без слух за проблемите го игнорира мнозинството. Своите интереси се обидува да ги пласира како неопходна реформа во образовниот процес и покрај бројните реакции на јавноста“, вели таа.

Според Митева, скандалозното повлекување на Законот од собраниска процедура со цел истиот да биде донесен со европско знаменце говори за целта овој нејзин предлог да биде донесен по секоја цена, а притоа злоупотребувајќи ги процедурите и дебатата во законодавниот дом.

„Скандалите во образованието од нејзиното преземање на функцијата министер никако да запрат. Министерке Царовска оваа Концепција за реформа во основното образование отвора повеќе прашања: дали овој проект за дигитализација на учебници во основното образование би чинел неколку милиони годишно, колкав број на надворешни соработници ќе бидат вклучени, на каков начин ќе се реализира проектот и дали користејќи ја позицијата Министер за образование ги задоволувате само сопствените мотиви“, прашува Митева.

Можете да прочитате

Ахмети: Пред 122 години на Илинден Македонците и Албанците беа заедно, сега сме едни наспроти други

Делегација на СДСМ предводена од потпретседателката Каја Шукова оддаде почит во Скопје, по повод Денот на Републиката

Бленди Ходаи: За Кочани ќе нема правда зашто институциите се фокусираа на контаминација на гневот и револтот на граѓаните