Утрински Весник
Македонија

(Видео) Митева: Граѓаните ќе имаат од 1.000 до 1.600 денари зголемен трошок за парно и за струја

(Видео) Митева: Граѓаните ќе имаат од 1.000 до 1.600 денари зголемен трошок за парно и за струја

Граѓаните се соочуваат со поскапи сметки за парно греење и струја затоа што власта е неспособна да изнајде решение, обвини денеска Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ.

„Граѓаните од овој месец ќе плаќаат по 500 до 800 денари повеќе за струја и парно, засебно. Тоа се 1.000 до 1.600 денари зголемен трошок само за овие две работи по домаќинство. Инфлацијата веќе неколку месеци го јаде буџетот на граѓаните“, нагласи партиската портпаролка според која, неспособноста на СДСМ секојдневно го намалува стандардот на народот.

Митева посочи и дека доколку Владата работела одговорно, граѓаните немало да доживеат никаков ценовен шок.

Можете да прочитате

Скриени во кујнски ѕид 350.000 евра создадоа нова правна драма – парите биле на родителите!

Тошковски: Во Македонија повеќе не може да се дозволи да продолжат да функционираат носители на јавни функции како судијата Ристов

Кривичен суд изрече куќен притвор за Ѓоко Ристов