Утрински Весник
Македонија

(Видео) Митева: Власта ги урива преговарачките процеси со Бугарија

(Видео) Митева: Власта ги урива преговарачките процеси со Бугарија

„Историјата да се учи низ перцепција. Ова е еден дел од договореното за што Бугарија прогласува успех. Ова е став од страна на членови на историската комисија кој потврди дека ние сме препорачале на ученикот да му бидат претставени различните перцепции од определен настан на таа држава или за одредена личност“, изјави на денешната прес-конференција Марија Митева, портпаролка на ВМРО-ДПМНЕ.

„И нашиот предлог бил дека постојат различни перцепции, дека не постои една единствена вистина. Ова е штетната матрица низ која се водат преговорите со Бугарија на сметка на македонскиот национален идентитет. Ова е начинот на кој власта ги урива преговарачките процеси, го става македонскиот народ во подредена положба со цел да се согласи за работи кои ќе задираат во македонскиот јазик и историја“, потенцира Митева.

„Дополнително, самиот Османи изјави дека во иднина кога ќе бидеме во позиција треба да кажеме дека имаме разбирање за сите аспекти, повторувам ЗА СИТЕ аспекти бидејќи нашиот пристап бил дека или се е договорено или ништо не е договорено. Османи потенцираше дека нема да го информира Собранието за секој договорен елемент, туку тоа да го направи на веќе завршени преговори и постигнат договор без согласност на македонската јавност. Секој ден имаме нови порази, секој ден власта молчи за скандалите дека македонски службеници работеле против интересите на Македонија“, вели Митева.

Запраша, што правеле Османи и Ковачевски до сега, како им се случувале вакви скандали пред нивни очи без притоа да преземат било каков чекор кој би го спречило тоа? „Кои се тие службеници на Османи кои работеле против договор и што презема владата за тоа?“.

Побара, Османи да одговори како дозволил негови вработени да работат на можна штета на државата, колкав период знаел за такви активности, а не преземал ништо?

Можете да прочитате

Семејствата на жртвите од „Пулс“ против концертот за Петровден – Крстевски откажа, но беше исвиркан

МВР брани насилници, ете зошто жените тука завршуваат мртви, рече Арсовска

Петровска: Вчера пратеничка денес градоначалничка кој е следен ?