Утрински Весник
Македонија

(Видео) Министрите Тренчевска и Шакири се сретнаа со родителите на ученичката Ембла Адеми

(Видео) Министрите Тренчевска и Шакири се сретнаа со родителите на ученичката Ембла Адеми

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, денеска се сретнаа со родителите на ученичката Ембла Адеми од Гостивар, за да разговараат за случајот кој во јавноста побуди голем интерес и реакции откако беше објавено дека девојчето со Даунов синдром е непожелно во училницата.

Како што се наведува во соопштението од Министерството за труд и социјална политика, на средбата присуствувале и директорите на Центарот за социјална работа – Гостивар и на училиштето кадешто Ембла посетува настава.

Министерот Шаќири нагласи дека проблемот е надминат и Ембла од утре ќе продолжи со редовната настава во нејзиното одделение.

Тренчевска истакна дека инклузијата во образованието е клучна за децата со попреченост и токму на тој начин се придонесува за нивно полесно прифаќање од средината.

„Стереотипите и предрасудите треба да се надминат. Едно општество за сите е концепт зад кој цврсто застанавме и тој не треба да биде само флоскула, туку сите заедно да го преточиме во реалност. Со инклузијата им даваме шанса на децата со попреченост во иднина тие да можат да придонесуваат во општеството“, посочи министерката.

На средбата било заклучено дека училиштето и центарот за социјални работи заедно ќе работат на обезбедување на инклузија и прифаќање на Ембла и сите други ученици со попреченост во редовното образование.

Можете да прочитате

Почна судењето против Вангелица Илијевска, обвинета за убиство на сопругот и свекорот во Кратово

Рокас: Очекувам овој пат и ЕУ да може да испорачува резултати со забрзана динамика

Димитријевиќ: СДСМ ќе покаже нова енергија и нова визија во креирањето на политиките