Утрински Весник
Свет

(Видео) Министер пливал 12 часа до брегот, по пад на хеликоптер во Мадагаскар

(Видео) Министер пливал 12 часа до брегот, по пад на хеликоптер во Мадагаскар

Министерот за полиција на Мадагаскар Серж Геле е еден од двајцата преживеани во хеликоптерската несреќа на североисточната страна на островот, пишува „Гардијан“.

По падот на хеликоптерот, тој морал да плива до брегот околу 12 часа.

Во исто време продолжува потрагата по уште двајца патници по несреќата што се случи во понеделникот, соопштија од полицијата и пристанишните власти.

Серж Геле и неговиот колега полицаец вчера наутро одделно пристигнаа на брегот во крајбрежниот град Махамбо, изјави шефот на управата на пристаништето.

На видеото кое кружи на социјалните мрежи, Геле во маскирна униформа лежи исцрпен на лежалка.

„ Се уште не е време да умрам“, рече Геле и додаде дека не е повреден, но дека му е студено.

Спасувачките екипи пронашле 18 тела, а се претпоставува дека во таа хеликоптерска несреќа загинале најмалку 39 лица.

Засега не е позната причината за несреќата.

Можете да прочитате

Путин го одликува Медведев со Орден за заслуги за татковината

Бербок: Мировни сили на ООН би можеле да го гарантираат мирот во Украина

Трамп до членките на НАТО: Ќе воведам големи санкции кон Русија, кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа