Утрински Весник
Политички Партии

(Видео) Милошоски: На сомнителен тендер за набавка на томографи Филипче платил 15 милиони денари повеќе

Претставникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, денеска на прес-конференција зборуваше, за како што кажа, сомнителен тендер кој отвора сомнеж за системска корупција во здравството при набавка на томографи и ги повика надлежните органи да го истражат случајот.

„Набавката за томографи се претвора во нова афера наречена ‘коруптографија’ на министерот за здравство, а се однесува на болниците во Кавадарци и Гевгелија. Она што е драматично воочливо е што се поништува првиот пат јавната набавка на томографи, се елиминира конкуренцијата од преостанатите 7 фирми преку нарачана интервенција на Управата на Бирото за јавни набавки и двете набавки ги добива само една фирма“, посочи Милошоски.

Како што кажа тој, разликата е во тоа што првиот пат цената на чинење на тендерите за два томографа е 21 милион денари, а по поништувањето, вториот пат тендерот со томографите и составните елементи чини 36 милиони денари.

„Наместо на Заев и Филипче приоритет да им биде набавката на вакцини во декември минатата година и во февруари годинава, приоритет им била набавката на томографи, поништување на тендер и истиот да го добие фирма со зголемена цена од 15 милиони денари. Тоа покажува дека во здравството нема вакцини, но има големи сомнежи за корупција“, истакна претставникот на опозициската партија, додавајќи дека сомнежот го зголемува и фактот што фирмата која на вториот тендер ги добила двата томографа, самата учествувала на првиот тендер со пониски цени.

„Се работи за фирмата ‘Кубус Медикал’ која што според јавно достапни информации во изминатите три години од Министерството за здравство има добиено тендери во висина од прилика од 5 милиони евра“, нагласи Милошоски, според кого ова покажува дека во реалните набавки во Владата, корупцијата е еден од системите на функционирање.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт