Утрински Весник
Македонија

(Видео) Мизрахи кон Заев: Доверба нема во вашите зборови, вие лажете и се откажавте од сè

(Видео) Мизрахи кон Заев: Доверба нема во вашите зборови, вие лажете и се откажавте од сè

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи, на денешната седница во Собранието истакна голем број на, како што кажа, лажни ветувања на Зоран Заев.

Таа ги посочи изјавите на Зоран Заев во однос на промената на името, промената на Уставот, неколкуте негови изјави низ годините за датумот за членство во Европската унија, па рече дека Заев излажа за се и за името, и за Уставот и за датумите за членство.

„И сега дали ќе се откажете од јазикот или од Гоце Делчев, како што се откажавте за името за кое се колневте во своите деца?“ – го праша Мизрахи, Заев.

Таа ги критикуваше и изјавите на Заев за економија во кои како што вели тој лажеше дека ќе има 500 евра плата, раст на платите и градежна офанзива, а од тоа, како што кажа, видовме само раст на дивоградбите и осиромашени граѓани.

„Остануваме посветени велите, за пораст на животниот стандард, но доверба нема затоа што животниот стандард на граѓаните не се зголемува преку покачување на акцизата на нафтените деривати или цената на електрична енергија, напротив, во следниве од два до три месеци велите во октомври 2019та година дека ќе започнат подготвителни активности за најмалку пет или шест производствени погони, но каде се господине Заев?“, рече Мизрахи.

Таа го критикуваше Зоран Заев за, како што кажа, лажните ветувања во однос на воздухот и екологијата и им посочи на пратениците од СДСМ дека од нив има капацитетни луѓе, па можат да предложат мандатар за сите граѓани да не би имале ваков премиер како Заев.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Поставен 25 метарски крст- чувар во Општина Ранковце

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ застана против интересот на земјоделците со одбивањето на нашите амандмани

Николоски од Будимпешта: Одличната соработка со Унгарија и носи економски и политички напредок на Македонија. Унгарија ја потврди поддршката за справување со пожарите