Утрински Весник
Македонија

(Видео) МВР: Приведен уште еден насилник што на протестите физички нападна полициски службеници

Денеска полициски службеници од Единицата за насилен криминал – Одделение за насилен криминал во содејство со Единицата за интервентна полиција, двете при СВР Скопје, го лишиле од слобода лицето Р.Р.(37) од Скопје.

dobivaj vesti na viber

Според полицијата тој на 05.07.2022 околу 21.00 часот, за време на одржување на ненајавен јавен сoбир на граѓани организиран преку социјални мрежи, фрлал со камења кон полицискиот кордон и зградата на Собранието и физички нападнал полициски службеници кои вршеле службени дејства.

По преземени мерки и активности од страна на Единицата за насилен криминал – Одделение за насилен криминал, Р.Р. е приведен во полициска станица и против него се обезбедени сите докази, соопшти МВР.

Појаснуваат дека во координација со ОЈО Скопје против него е поднесена кривична пријава по брза постапка за кривично дело „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“ по член 385 од Кривичниот законик, по што лицето е изнесено пред Судија на претходна постапка.

Можете да прочитате

Пенка Мукаетова именувана за нов потпретседател на Сојузот на стопански комори на Македонија

ЦУК преку СМС порака известува за кризната состојба прогласена за пожарите

Околу половина час се чека за влез во земјава на Табановце