Утрински Весник
Магазин
Img 7972

(Видео) Мајкл Б. Џордан во трејлерот за „Дневник за Џордан“

(Видео) Мајкл Б. Џордан во трејлерот за „Дневник за Џордан“
Img 7972

Тој има една од најимпресивните фигури во Холивуд.

Мајкл Б. Џордан, кого магазинот „Пипл“ го прогласи за најсекси маж во светот за 2020 година, не е премногу срамежлив за да ги покаже мускулите во најновиот проект, коментираат светските шоу-биз медиуми еден ден по објавувањето на трејлерот за претстојната драма во режија на Дензел Вашингтон.

34-годишниот актер ги загреа екраните кога се појави без маица во најавата за Journal for Jordan („Дневник за Џордан“) во средата. Мајкл се чини дека е во неверојатна форма во љубовните сцени со Шанте Адамс во кусиот трејлер.

Филмот е фокусиран на врската помеѓу наредникот Чарлс Монро Кинг и новинарката Дена Канеди, чиј мемоар „Дневникот за Џордан: Приказна за љубов и чест“ – добитник на Пулицеровата награда за 2008 година – обезбедува материјал за филмот.

Мемоарот е всушност дневник од 200 страници напишан од нејзиниот свршеник, наредникот Чарлс Монро Кинг, за нивниот син. Кинг бил убиен во Багдат еден месец пред завршувањето на неговата должност во Ирак.

Кинг, кој заминал на Блискиот Исток пред да се роди Џордан, водел дневник за својот ангажман во Ирачката војна – во која загина во 2006 година – со пораки за синот Џордан кој имал седум месеци кога починал татко му.

Можете да прочитате

TECHMECH 2025 – Саем за пракса и вработување на Машинскиот факултет

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД: „БИЗНИС ЛИДЕР“ ЌЕ ГИ НАГРАДИ НАЈУСПЕШНИТЕ МАКЕДОНСКИ КОМПАНИИ ЗА 2024 ГОДИНА

Овие 2 знака ќе се збогатат или ќе освојат премија – и тоа веќе до ноември