Утрински Весник
Магазин

(Видео) „Марксмен“ со Лиам Нисон на врвот на боксофисот втора недела по ред

наслов

 

Акциониот трилер со Лиам Нисон во главната улога го задржа првото место на киноблагајните веќе втор викенд со заработка од 2.03 милиони долари.

10 дена по неговото премиерно прикажување, „Марксмен“ веќе заработи околу 6.1 милиони долари, пренесуваат медиумите.

Во трилерот во продукција на „Опен роуд филмс“, Нисон глуми сточар од Аризона, поранешен маринец кој се обидува да спаси младо момче од канџите на мексикански картел.

Актерската екипа ги вклучува Кетрин Виник, Хуан Пабло Раба, Тереза Руиз и Џо Перез.

Цифрите на киноблагајните сè уште се значително намалени во споредба со истото време изминатите години поради пандемијата на Ковид-19. Според „Дедлајн“, во моментов отворени се приближно 56% од 5.900 киносали во САД и Канада.

https://www.youtube.com/watch?v=dBtcIl1Tk5E

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Дневен хороскоп за 18 март 2026

Владо Георгиев го одложи концертот во Скопје поради трагедијата во Кочани

Млада Месечина во Риби на 18 март