Со 2.000 амандмани пратеничката група од ВМРО-ДПМНЕ предводена од губитникот Мицкоски се обидува да го блокира Законот за нов Клинички центар, обвини на прес-конференција Даниела Маркоска, пратеничка на СДСМ, која посочи дека никаде во светот не постои политичка партија која толку многу работи против сопствената држава.
„ВМРО-ДПМНЕ застана против изградба на нов функционален Клинички центар во Скопје, на предвдена локација во Ѓорче Петров. Ова е дрско, неодговрно и безобразно однесување на ВМРО-ДПМНЕ срамно кон сопствената држава, кон сопствените граѓани и кон јавното здравство“, кажа Маркоска додавајќи дека 11 години од ВМРО-ДПМНЕ, како што рече, лажеле дека ќе изградат нов Клинички центар, а сега од опозиција за противат на изградба на истиот.
„Како одговорни пратеници, како парламентарно мнозинство нема да дозволиме овие блокади да ја спречат изградбата на нов Клинички центар“, рече пратеничката на СДСМ додавајќи дека деструкциите на ВМРО-ДПМНЕ одново ќе бидат поразени.