Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

(Видео) Маричиќ: Сите судии кои постапиле незаконски ќе бидат исфилтрирани од правосудниот систем

(Видео) Маричиќ: Сите судии кои постапиле незаконски ќе бидат исфилтрирани од правосудниот систем
Img 7972

Министерот за правда, Бојан Маричиќ, на прес-конференцијата по повод 100 дена Влада, кажа дека в понеделник Советот за реформи во судството ќе ја потврди методологијата за прочистување на правосудството и дека овој процес е примарен за враќањето на довербата на граѓаните во системот.

„Долги судски рочишта, безброј одложувања, неефикасни постапки. Токму затоа во првите 100 денови со Судскиот совет и Советот на јавни обвинители интензивно работевме на подготовка на методологија по која следната година ќе се филтрира судството и обвинителството. Ова според нас е најдобриот начин, како фелата сама да си ги прочисти своите редови. Сите оние судии или обвинители кои незаконски постапиле, направиле прекршувања во постапките, намерно ги одложувале или нестручно постапиле ќе бидат исфилтрирани од правосудниот систем. Посебен фокус ќе биде ставен на случаите на висока корупција и организиран криминал“, рече Маричиќ.

Маричиќ кажа дека плановите за иднината на Министерството за правда се амбициозни, намерите јасни и чесни, а посветеноста максимална.

„Дали тоа некому му се допаѓало или не, Северна Македонија ќе биде правна држава, каде што ќе одговараат сите оние кои ги прекршиле или во иднина ќе ги прекршат законите“, кажа Маричиќ.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче пред една година славеше со Заев за францускиот предлог сега предлага „црвени линии“ за власт и спас на фотелјата во СДС 

Претрес во Кичево, пронајдени оружје и муниција, уапсено едно лице

Филипче: Слоганот на ВМРО-ДПМНЕ е ветување за уништување на државата преку партизација