Утрински Весник
Македонија

(Видео) Манчевски до ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните ве поразија, не сакаат веќе да слушаат за конфликти и поделби

(Видео) Манчевски до ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните ве поразија, не сакаат веќе да слушаат за конфликти и поделби
Dik 300x250 mk

Овие избори беа предвреме одржани поради барањето на опозицијата, поради тоа што државата не доби зелено светло за почеток на преговори со ЕУ, а претседателот на СДСМ Зоран Заев и тогашен премиер инсистираше да се оди на избори, затоа што е најкоректно и најдемократски, додека за тоа време, опозицијата се радуваше“, посочи потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски од собраниската говорница.

Тој истакна дека во меѓувреме поради одложување на изборите заради корона кризата, пристигна и членството на НАТО и зеленото светло за почеток на преговорите во ЕУ.

Манчевски посочи дека ова раководство на ВМРО-ДПМНЕ изгуби три избори по ред, како и дека целата реторика и кампања им била националистичка, без став и со тенденција на враќање на државата наназад кон лаги и омраза.

Манчевски обраќајќи им се на ВМРО-ДПМНЕ од собраниската говорница им посочи дека никако да сфатат дека се поразени од граѓаните, дека тие веќе не сакаат да слушаат за конфликти и поделби, како и дека граѓаните три години немаат видено програма од ВМРО – ДПМНЕ.

„Денес имаме членство во НАТО, наскоро и отворање на поглавјата за евроинтеграција, имаме раст на плати, на пензии, бројни мерки и политики, додека ВМРО –ДПМНЕ губи на избори“, кажа Манчевски.

Тој кажа дека следните години економијата и правдатa се приоритетните области на кои посветено ќе се работи.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Почина политичкиот аналитичар Агим Јонуз

Почина поранешниот кошаркар на Пелистер, Зоран Петковски

Да се остават во минатото луѓето кои освен освен распродажба на Македонија, не покажаа ништо друго, повика Мицкоски од Росоман