Утрински Весник
Свет

(Видео) Макрон објави видео од уништениот трговски центар: „Рускиот народ мора да ја види вистината“

Бројот на загинатите во рускиот ракетен напад врз трговски центар во централниот украински град Кременчук се искачи на 18. Приближно 60 лица беа повредени во вчерашниот напад, а повеќе од 40 лица се водат како исчезнати, јавуваат агенциите.

Францускиот претседател Емануел Макрон објави видео на Твитер што е снимено по нападот.

„Ја споделуваме болката на семејствата на жртвите и гневот поради таквото злосторство. Рускиот народ мора да ја види вистината“, напиша Макрон.

Украина ја обвини Русија за нападот, велејќи дека се користени ракети воздух-земја Х-22 истрелани од бомбардери со долг дострел Ту-22.

Можете да прочитате

Руската воздушна одбрана соборила 170 украински дронови изминатата ноќ

Британија и Јужна Кореја размислуваат да испратат воени бордови во Ормутскиот теснец

Трамп: Зеленски е последната личност од која ни треба помош