Утрински Весник
Свет

(Видео) Маж извлечен од згмечен автомобил во Петриња

(Видео) Маж извлечен од згмечен автомобил во Петриња
Dik 300x250 mk

Жител на хрватскиот град Петриња бил спасен и извлечен жив од згмечен автомобил откако врз него паднале цигли по силниот земјотрес од 6,3 степени според Рихтеровата скала.

На видеото може да се види дека автомобилот е целосно уништен и покриен со цигли, а репортерката јавува дека човекот бил свесен и дека сам излегол од автомобилот.

Според првичните информации, во земјотресот во Петриња загинало едно дете. Во тек е спасувачка мисија, а во градот е испратена и војската.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Нетанјаху нареди напади врз Газа

Хегсет: Во Тихи Океан уништивме четири бродови со наркотици и убивме 14 наркотерористи

Берлин доби уверување од САД за изземање од санкциите за руската нафта