Утрински Весник
Магазин

(Видео) „Луцифер“ се враќа, излезе официјалниот трејлер за петтата сезона

(Видео) „Луцифер“ се враќа, излезе официјалниот трејлер за петтата сезона
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Петтата сезона на хит-серијата „Луцифер“ ќе почне да се прикажува на стриминг-платформата “Нетфликс“ на 21 август.

„Нетфликс“ реши да ја преземе серијата од „Фокс“ по масовната кампања на фановите за спас на нивната омилена серија со ѓаволот детектив Луцифер Морнингстар.

Реакцијата на четвртата сезона ги надмина очекувањата. Натприродниот Луцифер, ѓавол и детектив, го надмина Game of Thrones („Игра на тронови“) на ХБО, рушејќи го нивниот рекорд на гледаност.
„Луцифер“ со недели го држеше првото место на листата серии што биле одеднаш изгледани на популарната стриминг платформа.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

OpenAI воведе годишен преглед на активностите за корисниците на ChatGPT

Крај на една ера: На последниот ден од 2025 година, се гаси MTV

Почина Брижит Бардо – 24info.mk