Утрински Весник
Магазин

(Видео) Лијам Нисон ограбува банки во новиот филм „Чесен крадец“

(Видео) Лијам Нисон ограбува банки во новиот филм „Чесен крадец“

Лијам Нисон неодамна рече дека ќе се повлече од снимање акциони филмови. Многумина, особено неговите фанови, се запрашаа кога. Но, за среќа, Нисон сè уште не се откажува од оваа фаза на својата кариера.

Во новиот филм насловен Honest Thief, („Чесен крадец“) станува збор за прецизен ограбувач на банки, Том Картер (Лијам Нисон) познат по прекарот „влези-излези бандит“, кој украл неколку милиони долари од мали банки и успеал да го сочува својот идентитет во тајност. Откако ќе се вљуби во Ени (Кејт Волш), тој решава да расчисти со криминалното минатото и да се предаде. Но ќе биде измамен од двајца корумпирани агенти на ФБИ.

https://www.youtube.com/watch?v=_TLtcw7ixRc

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Совети и трикови како да си го олесните првиот триместар од бременоста

Две навики кои може да го спасат вашиот брак по 40-тите години

Лижавче што пушта музика додека се лиже предизвика огромен интерес: над еден милион луѓе на листа на чекање