Утрински Весник
Магазин

(Видео) Лиам Нисон и Лоренс Фишбурн во „Ледениот пат“

(Видео) Лиам Нисон и Лоренс Фишбурн во „Ледениот пат“

Лиам Нисон и Лоренс Фишбурн глумат во нова акциона авантура во режија на Џонатан Хенсли, чиј трејлер беше објавен во вторникот.

The Ice Road („Ледениот пат“) се фокусира на ризична операција спасување рудари во урнат рудник за дијаманти во северна Канада.

Ѕвездата ветеран Нисон (68) го толкува ликот на камионџија кој вози по заледен пат под голем притисок по уривањето на рудникот, каде група рудари се во животна опасност.

Во тизерот, Мајк (Лијам Нисон) вози низ опасна рута на снежни бури и тенок мраз, кога сфаќа дека има сили насочени против него.

Филмот беше завршен на почетокот на 2020 година, а „Нетфликс“ пред два месеца ги откупи правата за 18 милиони долари.

Стримгинг-платформата премиерно ќе го емитува на 25 јуни.

Можете да прочитате

Овие три куќни апарати ја покачуваат сметката дури и кога не ги користиме, а сите ги имаме во домот

Пресвртна точка веќе на 1 јануари: Два знака влегуваат во 2026 година со најголеми шанси за успех и големи пари

Жена дала 100.000 евра и го чекала „Бред Пит“ три недели во хотел