Утрински Весник
Македонија

(Видео) Лефков: Вреќи со пари излегуваат од државата

(Видео) Лефков: Вреќи со пари излегуваат од државата

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека власта ослободува затвореници за да спроведат специјална операција „евакуација на капитал“ и дека вреќи со пари излегуваат од државата.

„Според наши информации кои пристигаат од теренот пред три недели во еден хотел на југоистокот на Македонија тројца високи функционери на власта од кои еден непосредно одговорен за полицијата, другиот по потекло од тој крај со прочуен брат и третиот познат криминалец договарале ослободување на робијаши од затвор. Овој пат задачата била одбран дел од ослободените криминалци да спроведат специјална операција – ‘евакуација на капитал’“, изјави Миле Лефков, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, црни вреќи со пари излегуваат од државата со крајна цел – оф шор земји.

„Пред сѐ поизвесниот пораз на претстојните избори, мафијата е во обид да ги заштити своите бизниси, а криминалците добиле насоки да им помагаат при евакуацијата на капиталот. Според информациите црни вреќи со пари излегуваат од државата со крајна цел оф шор земји, па дури се споменуваат и прекуокеански дестинации. Според информациите, операцијата ‘евакуација на капиталот’ е веќе во тек и ќе потрае до избори со оглед на големината на капиталот на мафијата на власт“, рече Лефков.

Можете да прочитате

СДСМ: Бараме политичка и кривична одговорност за еколошката катастрофа

ВМРО-ДПМНЕ вели опозицијата подметнува пожари, а Али, Артан, Чупеска и компанија, биле пиромани во служба на злото

Министерство за животна средина: Забрана за пристап и движење на локацијата на пожарот во Трубарево