Утрински Весник
Свет

(Видео) Лајен и Пахор: Иднината на Западен Балкан е во ЕУ

Фон дер Лајен: Сите да дозволат извоз на вакцини

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, се состана со претседателот на Словенија, Борут Пахор, во рамките на претстојното словенечко претседателство со ЕУ.

„Се согласивме дека иднината на Западен Балкан е во ЕУ и дека сакаме да направиме напредок по тоа прашање“, напиша Фон дер Лајен на „Твитер“.

Претседателката на ЕК вели дека словенечкото претседателство ќе има важна улога во закрепнувањето и издржливоста на ЕУ по пандемијата и силниот удар што и го нанесе на ЕУ-економијата.

„Сега е време за поправка, инвестиции и реформи“, додаде Лајен.

Таа му се заблагодари на словенечкиот претседател Борут Пахор за заложбата за поголемо единство во ЕУ и посветеноста на разговорите за иднината на Унијата.

Можете да прочитате

Во Италија откриена илегална фабрика за фалсификувани марки цигари

Планот на Трамп за Појасот Газа содржи 21 точка

НАТО: Руското нарушување на воздушниот простор е опасна ескалација