Песната Last Christmas на култното дуо „Вем“ за прв пат е на врвот на табелата синглови во Велика Британија, 36 години по нејзиното деби.
Празничната класика беше емитувана 9.2 милиони пати во текот на минатата недела, соборувајќи ја на првото место Don’t Stop Me Eating на Ледбејби.
Прв пат објавена во декември 1984 година, песната на Џорџ Мајкл и Ендру Риџли беше потисната од Do They Know It’s Christmas? на „Бенд еид“ (Band Aid) во рамки на глобалниот, музички рок-концерт со цел да се соберат средства за надминување на гладта во Етиопија. Настанот беше одржан истовремено на стадионот Вембли, Лондон.
Риџли рече дека е воодушевен и задоволен што „Ласт кристмас“ дури сега успеа да дојде на врвот на табелата. „Иако поминаа 36 години по првото издавање, што е, можеби повеќе од сè, доказ за нејзината безвременска привлечност и шарм“.
„Тоа е соодветна почит кон генијалноста на Џорџ за пишување песни. Од оваа почест тој ќе беше неизмерно горд и воодушевен“, додаде Риџли.
Откако песната е објавена во 1984 година, шест пати се враќаше во првите 10.