Утрински Весник
Македонија

(Видео) Лазаревска: Вие имате по неколку пасоши, јас имам само македонски и се борам за мојот македонски идентитет

Dik 300x250 mk

Кои сте вие да не нарекувате предавници, вие кои имате по неколку пасоши во џебот, а јас имам само еден – македонски, јас се борам за мојот македонски пасош, за мојот македонски јазик, за мојот македонски идентитет, порача пратеничката на СДСМ Жаклина Лазаревска во реплика на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски.

dobivaj vesti na viber

„ Ние нудиме заклучоци со кои на Владата ќе и наредиме никогаш во преговорите да не го доведе во прашање македонскиот јазик и македонскиот идентитет. Вие не нудите ништо освен поделба на граѓаните и изолација. Вие сте луѓе кои не и сакаат просперитет на сопствената држава, затоа не сакате да започнеме преговори за членство во ЕУ“ порача Лазаревска.

Можете да прочитате

Сред бел ден со пиштол се заканувал на вработени во кафеана во Центар

Младо момче тешко повредено откако со автомобил излетал од патот

Мицкоски: Инвестиции во нова железничка линија и градски воз за почист воздух