Кучињата кои имаат сопственици обично јадат готова сува храна или готова конзервирана храна, а некои луѓе ги хранат своите кучиња со она што самите го јадат.
Сепак, добро познат факт е дека многу кучиња ќе џвакаат се што ќе најдат, од топка до чевел. Па дури и боровинки.
Видео со лабрадор како јаде грмушки боровинки неодамна стана вирално на „Редит“. Неговиот сопственик, кој всушност и го сподели клипот, напиша: „Моето куче повеќе е заинтересирано да јаде боровинки отколку да оди на прошетка“.
https://www.youtube.com/watch?v=apWjfWvCi1U
„Лабрадор, повеќе заинтересиран за храна отколку за вежбање“, „Сигурно дека лабрадорите се половина мечка“, „Потребни се тие боровинки за енергија за одење“, „Мојот доберман исто така сакаше боровинки и капини“, коментираше екипата на „Редит“ на видеото.