“Денеска целата македонска јавност е сведок на силен удар врз правдата од страна на судиите во Апелацискиот суд во Скопје.Скандалозна е одлуката на судот да ја прифатил гаранцијата со што на лицето Сашо Мијалков му се укинува притворот. Мијалков издржува мерка притвор во предметот Трезор каде што е осуден на 8 години затвор, со се уште не правосилна пресуда. Исто така, за Мијалков има и втора неправосилна пресуда од 12 години за нелегеланото прислушување”,изјави на денешната прес конференција Богданка Кузеска, Портпарол на СДСМ.
Кузеска се обрати до судиите Ѓоко Ристов и Енвер Беџети и побара јавно да излезат пред целата јавност да кажат како е можно за лице со вкупни пресуди од 20 години да донесат ваква одлука?
Таа додава дека оваа одлука директно ја загрозува правдата, не само за овој предмет, туку и за сите останати кои се водат за него, како и за криминалот на други поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ.
Судиите се независни но оваа срамна и скандалозна одлука отвора сериозни сомнежи и претставува директен удар врз кредибилитетот на судството да испорача правда за секој.
СДСМ ги повикува сите надлежни институции да се вклучат во овој случај да не се дозволи бегство а граѓаните ги повикуваме да бидат гласни и заедно да обезбедиме правда.