Утрински Весник
Македонија

(Видео) Кузеска: На виделина е спрегата на Мицкоски со тајкунот Камчев

(Видео) Кузеска: На виделина е спрегата на Мицкоски со тајкунот Камчев

Навраќајќи се на вчерашните случувања со апсењето на бизнисменот Орце Камчев, од владеачката СДСМ наоѓаат поврзаност меѓу, како што велат, Христијан Мицкоски и Орце Камчев.

„На виделина е спрегата на Христијан Мицкоски со тајкунот на режимот, Орце Камчев. Обвинето лице во судски предмети а од вчера и во притвор. Ова е Тони Менкиновски, претседател на правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, човек близок на Христијан Мицкоски. Токму човекот на Мицкоски, кој често сме го гледале од партиската говорница на ДПМНЕ во белиот дворец, му е адвокат и го брани Орце Камчев. Истиот Менкиновски, беше главен „преговарач“ на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ во разговорите за Законот за јавно обвинителство“, реагираат од СДСМ.

Тие потсетуваат на времето, кога како партија, предупредувале за како што велат, обидот на Мицкоски да направи се за да пропаднат случаите на СЈО отворени пред македонските судови и да се спасат криминалците на режимот.

„ВМРО-ДПМНЕ, не си ги бара 1,3 милиони евра, пари, наводно украдени од донации за партијата, како што е наведено во предметот, туку го брани Камчев. На оваа партија, очигледно поважен и е Орце Камчев отколку сопствените финансии. Она што е важно е дека докажаниот губитник, Христијан Мицкоски, не успеа да го спречи носењето на Законот за јавното обвинителство, не успева ниту да ги одбрани криминалците во своите редови“, велат од СДСМ.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Филипче: Започнуваме веднаш со работа, најавувам посета на сите општински организации 

СТУДЕН ЦИКЛОН НАД МАКЕДОНИЈА: Од овој петок, како и за време на викендот, многу дожд, снег и голема снежна покривка од над 50 сантиметри!

Македонска филхармонија го слави јубилејот со концертот „80 години – Љубов!“