Утрински Весник
Македонија

(Видео) Кузеска: Напредокот во борбата против корупцијата го потврди и „Транспаренси Интернешнл“

(Видео) Кузеска: Напредокот во борбата против корупцијата го потврди и „Транспаренси Интернешнл“

Остварен е сериозен напредок во борбата против криминалот и корупцијата, а потврда за тоа е и Индексот на корупција на „Транспаренси Интернешнл“ каде Република Северна Македонија има напредок од 24 места, рече на денешната прес-конференција, портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Таа посочи дека државата сега се наоѓа на 87. место, додека во 2020 година била рангирана како 111.

„За 2021 година Северна Македонија има 39 индексни поени, додека во 2020 тој скор бил 35. Ова е најдобро рангирање на нашата држава во последните шест години. Во однос на регионот исто така имаме најголем напредок, а на листата на ‘Транспаренси’ зад нас се Србија, Албанија, Босна и Херцеговина“, рече партиската портпаролка.

Кузеска нагласи и дека во извештајот јасно се наведува дека гонењето функционери од власта е една од причините за напредок во борбата против корупцијата.

„Државата презеде чекори за кривично гонење на високи функционери за корупција и зајакнување на независните надзорни институции“, рече портпаролката цитирајќи делови од Извештајот.

Според Кузеска, ова е показател за успешноста на мерките и политиките на Владата предводена од СДСМ, пред сè, како што рече, поради успешната реализација на Планот за борба против корупцијата и реформите во правосудството.

Можете да прочитате

„Ни газди, ни плата“ – конфекција во Штип ги остави вработените на улица

Николоски: На крајот од мандатот на оваа Влада, Македонија ќе биде лидер во инфраструктура во регионот

Се работи на проект за целосна реконструкција на автопатот од Демир Капија до српска граница и скопската обиколница