Утрински Весник
Македонија
Img 7972

(Видео) Кузеска: Мицкоски нема капацитет да ја промени партијата, а не пак државата

(Видео) Кузеска: Мицкоски нема капацитет да ја промени партијата, а не пак државата
300x250 opst2

Наводниот нов концепт, наводните нови политики на ВМРО-ДПМНЕ се лажни и провидни, оцени на денешната прес конференција, портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

„Без извинување и расчистување со мрачното минато, ВМРО-ДПМНЕ не може да се оправи ни самата, а не пак да нуди концепт за сите луѓе. За да нуди некаква промена Христијан Мицкоски прво мора да се промени себеси, а тоа значи прво да раскрсти со Груевски. Но тоа го нема. Мицкоски докажан бранител на криминалот и извор на лажни вести, повторно се обидува да ги измами граѓаните со лажен наратив. За да нуди таканаречен концепт за сите луѓе, Мицковски треба прво да го напушти Белиот дворец, најлуксузното и најскапо партиско седиште во Европа. Да престане да брани лица осудени за тероризам, да почне искрено и со дела да ги почитува другите етнички заедници, и да се престрои на страната на граѓаните, наместо да биде на страната на криминалците“, рече Кузеска.

Мицкоски, надополни портпаролката на СДСМ, мора да се огради и да се извини за криминалот со кој, како што рече, нивниот режим 11 години ја пустошеше државата и граѓаните и на крајот, барем еднаш да соопшти дали навистина е за ЕУ и НАТО или одработува други антизападни агенди.

„Без сето ова, нереформираното ВМРО-ДПМНЕ предводено од Мицкоски, може да очекува само нов пораз на претстојните локални избори“, истакна Кузеска.

Можете да прочитате

17-годишен ученик избоден 15-годишен ученик – Тежок инцидент во средно училиште во Кичево

Мобилен царински тим заплени над илјада часовници „Ролекс“, „Бос“, „Армани“, поради сомневање за фалсификат

Минчев: Реформите во јавната администрација се реалност, не ветување – Европеизацијата почнува од секој шалтер и службеник