Утрински Весник
Македонија

(Видео) Кузеска: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ бараат слобода за осудени насилници кои се закануваат со убиства

(Видео) Кузеска: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ бараат слобода за осудени насилници кои се закануваат со убиства

Целата јавност вчера беше згрозена од аудио снимка со скандалозна содржина, каде се слушаат два гласа за кои се тврди дека се дел од осудените за 27 април, од кои еден од нив упатува закани за ликвидација на претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев како и на луѓе кои го поддржуваат, изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Според неа, ваквата снимка доаѓа само неколку дена по протестите поддржани од ВМРО – ДПМНЕ, каде се бараше осудените за 27 април, да бидат ослободени.

„За случајот 27 април се води судски процес и против организаторите, а според информациите споделени од министерот за внатрешни работи постоел и план во ВМРО-ДПМНЕ наречен „Дивиот ангел“ по кој требало да се реализира насилтвото во Собранието. На протестот со иста сценографија како оној на 27 април во 2017 година , со истиот хушкачки наратив кој поттикнува омраза и поделби, Христијан Мицкоски ги нарече осудените за крвавиот четврток, уставобранители. Ете зад какви ликови, зад какви насилници застанаа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ“, рече Кузеска.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, додаде таа, бараат слобода за овие луѓе, осудени насилници кои се закануваат дека ќе го повторат насилството, кои се закануваат со убиства.

„За сите овие години предводена од Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ се докажа како партија која брани криминал, брани насилници, шири лажни вести и блокира важни процеси“, рече Кузеска.

Можете да прочитате

(Видео) Со колони знамиња прославено во Скопје Денот на албанското знаме

Јаневска: Директорот во студентскиот дом „Пелагонија“ набавил пилешко по цена од 570 денари за килограм

Ратите за новите автобуси ќе се отплаќаат од 2028 година, најавува премиерот Мицкоски