Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

(Видео) Кузеска: Мицкоски е против ЕУ, СДСМ нема да поддржи референдум

Dik 300x250 mk

На Христијан Мицкоски што му пропаднаа сите обиди да ја закочи државата, да ја блокира европската иднина, не му успеаја крвавите сценарија за дестабилизација, му потонаа сите лаги, истакна на денешната прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„Со еден збор, се’ што кажа Христијан Мицкоски излажа. Мицкоски тоне се подлабоко а со себе сака ја повлече и целата држава. Тоа СДСМ заедно со граѓаните нема да го дозволи. Најавите за референдум против заклучоците на Собранието за заштита на македонскиот идентитет, и против тоа македонски јазик во ЕУ не се ништо друго освен обична фарса на Мицкоски за внатрешна употреба во ВМРО ДПМНЕ. Граѓаните многу добро знаат дека токму ВМРО-ДПМНЕ бараше референдум и за Договорот од Преспа а потоа истиот го бојкотираше“, вели Кузеска.

По налог на Мицкоски, оценува таа, ВМРО-ДПМНЕ собираа потписи и за иницијатива за референдум за пописот, па потоа се откажаа.

„Тоа што се уште не знаат какво прашање да постават пред граѓаните зборува дека на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не им важен ниту македонскиот јазик, ниту интересите на граѓаните. Тие имаат за цел само да направат штета на државата, да ја попречат европската интеграција заедно со проруската Левица и ништо повеќе. Впрочем и самите граѓани видоа дека седниците на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ се обична фарса, таму ништо не се одлучува, само се потврдувата желбите на Мицкоски. Мицкоски е единствен член на Извршниот комитет а тоа го покажува и веб страната на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Кузеска.

„Како да живее само да го надмине својот ментор од Бидимпешта. Досега сите лаги на Мицкоски се разобличени, сите негови обиди се пропаднати, така ќе биде и овој пат. Референдум против македонски јазик во ЕУ не е потребен. СДСМ нема да поддржи референдум којшто е против заштита на македонскиот јазик, идентитет, историја и посебност во преговорите со ЕУ“, подвлече портпаролката на СДСМ.

Можете да прочитате

Филипче повика на масовна излезност: Се бориме за вредности, за домот и иднината на Македонија

Во Штип отворeн Дино парк – нова атракција за деца и љубители на праисторијата

Филипче: На изборите се враќа силата на народот, се враќа СДСМ