Утрински Весник
Македонија

(Видео) Кузеска: Земјата е вклучена во финансиска рамка на ЕУ со три милијарди евра поддршка

(Видео) Кузеска: Земјата е вклучена во финансиска рамка на ЕУ со три милијарди евра поддршка

Европската перспектива на државата и европските вредности како водечки приоритети се препознаени, а признание за тоа е и вклучувањето на земјава во седумгодишната финансиска рамка на Европскиот совет, насловена „Нова генерација ЕУ“, изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Тоа за нас како држава, додаде таа, значи достапни неповратни средства од околу три милијарди евра за овој седумгодишен период, како средства за третата генерација на претпристапна помош ИПА 3.

„Овие средства Република Северна Македонија ги добива како поддршка во грантови и проекти и значајно ќе го забрзаат економскиот развој и реформскиот капацитет. Тоа значи средства и проекти во областа на транспортот и инфраструктурата, во земјоделието и животната средина, во економскиот развој, во правдата и реформите за владеење на правото и други клучни области кои заеднички се идентификувани со европските партнери. Проекти коишто ќе ги реализира новата Влада предводна од СДСМ во следниот мандат“, кажа Кузеска.

Според неа, овие средства се клучна алатка за поддршка на преговорите на нашата држава во наредниот седумгодишен период, после кој, додаде Кузеска, очекуваме во европскиот буџет да бидеме проектирани веќе како држава членка на Европската Унија.

„Заедно со веќе доделената помош за справување со кризата од КОВИД-19, ова е значаен сигнал за нас како држава која ги започнува преговорите со ЕУ“, изјави портпаролката на СДСМ.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Стипендии за студенти на УКЛО од семејства со ниски приходи

До петок стабилно и сончево – викендов снег

Мајката-херој се борела со стерилитет, во бракот со сопругот 37 години се труделе да добијат деца