Утрински Весник
Македонија

(Видео) Кузеска: ЕБОР ја демантираше Арсовска, БРТ е издржан и еколошки проект

(Видео) Кузеска: ЕБОР ја демантираше Арсовска, БРТ е издржан и еколошки проект

“Градоначалничката Данела Арсовска во првите месеци од мандатот не работи ништо освен што нанесува штета на Град Скопје и неговите граѓани. Нејзините лаги околу оправданоста на Бас рапид транзит системот се директно демантирани и од Европската банка за обнова и развој која одобри средства за финансирање на овој проект”, изјави на денешната прес-конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Так досаде дека главната цел на проектот е значајно да се подобри нивото на услуги на јавен транспорт и да се помогне во намалување на загадувањето во Скопје, кој во моментов е еден од најзагадените градови во Европа, истакнуваат од Европската банка за обнова и развој за БРТ системот.

Според СДСМ, стопирањето на овој проект од страна на Арсовска заради лични хирови, не само е на штета на градот и скопјани, туку директно го поткопува меѓунардониот углед на Град Скопје.

Арсовска кончено треба да почне да работи и наместо да ја партизира градската администрација, да ги продолжи проектите оставени од претходниот градоначалник, а кои се во насока на забрзан развој на градот.

“Арсовска доби доверба да ги решава проблемите и да реализира проекти, а не да поништува проекти”,изјави Кузеска.

Можете да прочитате

ВРЕМЕТО СЕ МЕНУВА: Подгответе се за пороен дожд, грмежи и невреме!

Исчезна 39-годишен струмичанец, семејството бара помош од граѓаните

Најдовски: Разрешувањето на директорката во Демир Хисар е законско