Утрински Весник
Македонија

(Видео) Кузеска: ВМРО-ДПМНЕ наместо да прави шоу со протести, да почне да се однесува одговорно кон граѓаните

(Видео) Кузеска: ВМРО-ДПМНЕ наместо да прави шоу со протести, да почне да се однесува одговорно кон граѓаните

Ниту една партија во светот за време на пандемија не се однесува толку неодговорно, деструктивно и опасно по здравје, како што тоа го прави ВМРО ДПМНЕ, обвини Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Според неа, од почетокот на пандемијата ВМРО-ДПМНЕ одмага и ја поткопува борбата против Ковид 19.

„ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски лажеа дека немало доволно тестови за коронавирус лажеа дека наводно Министерството за здравство не ги контролирало кластерите низ државата. Лажеа дека немало никакви протоколи за лечење на пациенти заболени од Ковид 19, па дури и дека нестручни лекари ги третирале пациентите. И сите овие лаги, конструкции и манипулации, ВМРО ДПМНЕ ги ширеше додека нивните луѓе ги кршеа мерките за заштита, на чело со Мицкоски кој затвораше кафани, за време на пандемија, а нивниот министер за внатрешни работи во преодната влада, Наќе Чулев со цел да се додвори на граѓаните, велеше дека нема да казнува за неносење заштитни маски“, рече Кузеска.

Таа обвини дека ВМРО ДПМНЕ никогаш не ги повикала граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита од Ковид 19.

За нив, додаде Кузеска, Ковид 19, за жал, е само уште една политичка алатка којашто ја користат по потреба, со цел печалење политички поенти.

„Денеска ВМРО ДПМНЕ протестира пред Министерството за здравство кое во изминатиот период основната плата на лекарите специјалисти ја зголеми за 40%, на медицинските сестри помеѓу 20% и 23%, на општите лекари за 25% , а на здравствени соработници за 15%. Ги зголемени капитациите за матичните лекари стоматолози и гинеколози. Ја реновираше најстарата зграда на Интерни клиники после 70 години. Го реши најгорливиот проблем на Клиничкиот центар со најголем неред, а денес е со средени влезови и излези од комплексот“, вели Кузеска.

ВМРО ДПМНЕ наместо да прави шоу со неосновани протести, додаде таа, конечно време е да почне да се однесува одговорно кон граѓаните, наместо пред Министерството за здравство, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да влезат во Собрание и да се донесат законите за финасиска помош за погодените граѓани од кризата кои се борат за егзистенција.

Можете да прочитате

Бишев: Јавниот долг до крајот на годината би изнесувал околу 68,5%

Нов земјотрес вечерва повторно ја стресе Македонија

Перински: ЈП „Улици и патишта“ нема пари за плата, а не пак да чисти снег