Утрински Весник
Свет

(Видео) Крадци го користат хаосот во Украина – за казна ги врзуваат за јавен столб

(Видео) Крадци го користат хаосот во Украина – за казна ги врзуваат за јавен столб
Dik 300x250 mk

Хаосот на војната во Украина некои го користат за грабежи, но додека вооружените сили се зафатени со одбивање на руските напади, цивилите ги презедоа работите во свои раце.

Човек кој наводно бил фатен како го ограбува Киев за време на руските напади, за казна бил врзан за столб за јавно осветлување.

Фотографиите направени во главниот град на Украина покажуваат дека гордите Украинци се борат против криминалците кои сакаат да го искористат моменталниот хаос.

Од почетокот на инвазијата пристигнуваат извештаи за грабежи низ целата земја, а цел на криминалците се супермаркетите, бензинските пумпи и банките.

Многумина прикажуваат луѓе врзани за светилки или телефонски столбови, а некои имаат картонски натпис до нив што покажува дека се разбојници.

Можете да прочитате

Турција издаде налог за апсење на израелскиот премиер Нетанјаху и други поради геноцид во Газа

Американскиот притисок го спречи договорот: „Гунвор“ ја повлече понудата за купување на „Лукоил“

Средба на Трамп со лидерите на Казахстан, Киргистан, Таџикистан, Туркменистан и Узбекистан