Утрински Весник
Македонија

(Видео) Костовски: СДСМ е за една изборна единица

(Видео) Костовски: СДСМ е за една изборна единица
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

СДСМ е за една изборна единица, измените на Изборниот законик треба да се донесат со консензус од сите, изјави Мартин Костовски, пратеник на СДСМ, на прашање дали неговата партија ќе го поддржи предлог законот за измени на Изборниот закон на малите политички партии или ќе чека исход од работните групи?

„Малите политички партии кои што се дел од коалицијата на СДСМ со ова барање докажуваат уште еднаш за демократичноста и за ставот дека секој има право на определени свои мислења, ставови и политички влијанија. Ние како СДСМ и во предизборието ветивме дека треба да биде една изборна идиница меѓута за ваква тема треба консензус од сите а не со надгласување и со препукување. Се надевам дека во една општа, генерална дебата на опозицијата, позицијата, големите, малите, парламентарни, вонпарламентарни партии ќе се најде консензус за ова прашање“, рече Костовски.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Хаос во кафуле во Гостивар: Тепачка, пукање и паника меѓу гостите

Внимание возачи: Патиштата се лизгави поради ледени врнежи

Во краток рок три незгоди на Тетово–Гостивар, сообраќајот забавен