На вонредените локални избори анти европската коалиција на Мицкоски и Апасиев доживеа пораз, им се случи дебакл. Двојна победа на СДСМ и коалицијата во две општини каде што имаше избор за градоначалник и драстичен пад на гласовите на ВМРО-ДПМНЕ е резултатот на овие избори. Пораката на граѓаните е жежок шамар за Мицкоски и Апасиев. Не сакаат граѓаните блокади, деструкции и лаги.
Сакаат напредок, поголеми плати, европски вредности и сигурна иднина. На првото изборно соочување Ковачевски го победи Мицкоски. Затоа и го нема Мицкоски да се јави 5 дена, макар и на својот Фејсбук профил, изјави на денешната прес-конференција, Мартин Костовски, пратеник на СДСМ.
Тој додаде дека поразот на Мицкоски во Маврово Ростуше е директен и уште поголем бидејќи загуби кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, кој е член на Извршниот комитет на партијата. Тој член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ загуби од кандидатот на СДСМ и Коалицијата со разлика од 1.300 гласови. Кандидатот му бил дел од Извршниот комитет ама Мицкоски не го претсавува ниту него ниту дргугите членови на ИК на веб страната на ВМРО-ДПМНЕ.
Костовски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ во општина Тетово, која има над 80.000 гласачи, освои помалку гласови од СДСМ и коалицијата во Центар Жупа. Ученикот Апасиев го надмина падот на професорот Мицкоски, во Тетово не освои ниту еден, повторувам ниту еден советник. Двојната победа на СДСМ и коалицијата предводена од Ковачевски покажа дека Мицкоски и Апсиев немаат поддршка од граѓаните.
Сите анкети што ги нарачуваа и лажно ги пласираше ВМРО-ДПМНЕ се потврди сега дека се лажни и погрешни, изјави Костовски.