Утрински Весник
Македонија

(Видео) Костовски: Заев секој месец ги плаќал синот на Самка и секретарката на Рашковски

(Видео) Костовски: Заев секој месец ги плаќал синот на Самка и секретарката на Рашковски

Додека народот нема таблети и вакцини за Ковид-19, Заев секој месец го плаќал синот на Самка и секретарката на Рашковски, обвини Дарко Костовски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

„Со народни пари, како хонорарци чии имиња беа криени од јавноста до вчера, е плаќан и Демир Ибраимоски, син на Самка Ибраимоски, коалиционен партнер на Заев и заменик директор на “Македонија пат”. И додека Самка ги лаже Ромите со покачена социјална помош, неговиот син земал 40.000 денари месечно како хонорарец. 53.000 денари хонорар од Заев добил и професорот Ванчо Узунов, кој беше и потпретседател на СДСМ. На листата хонорарци се најде и името на Ивана Митрова, секретарка на Драги Рашковски, која земала 38.000 денари“, рече тој.

Костовски додаде дека независен колумнист, и владин хонорарец во исто време е Петрит Сарачини, кој месечно од владата бил плаќан 42.000 денари. Според Костовски, Сарачини се продава како независен и непристрасен.

„Марко Михаилоски претседател на СДММ е уште еден од хонорарците чии имиња до вчера не беа објавени. Дали Михаилоски земал државна плата, а работел партиски задачи? Или партијата и државата тоа е исто за Заев и неговите“, праша Костовски.

Ова се само дел од таканаречените експерти и независни хонорарци, додаде тој, кои се платени со наши пари.

Можете да прочитате

Хеликоптерот на МВР исфрли повеќе од 30 тони вода во реонот на Дојран

Давкова се обрати на годишниот настан на КСЗД „Разговори за еднаквост” на тема „Право на домување на Ромите”

Активни се 11 пожари, од нив само еден е под контрола, информира ЦУК