Утрински Весник
Политички Партии

(Видео) Костадинов: Со 10-те приоритети од „Акција 21“ ги носиме европските стандарди дома

(Видео) Костадинов: Со 10-те приоритети од „Акција 21“ ги носиме европските стандарди дома

 

Со уште поголема мотивираност ќе работиме европските стандарди да ги донесеме дома, во нашата татковина. Започнуваме реализација на нова стратешка рамка „Акција 21 – за европски стандарди дома“, истакна портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

„ Во „Акција 21“ опфаќаме 10 приоритети, секој подеднакво важен за позитивна трансформација на македонското општество. Прв приоритет е правосудството и негово прочистување со цел обезбедување на силна и ефикасна правна држава која испорачува правда. Вториот приоритет е бескомпромисна и неселективна борба против корупција.

Преку воспоставување на јасни механизми за интензивна соработка меѓу сите надлежни фактори, преку силна политичка волја и преку мотивација на секој граѓанин. Истовремено, се обврзуваме на силна, бескомпромисна борба за заштита на животната средина. Следува засилен ангажман во акцијата за чиста и здрава животна средина. По европски стандарди.

2021 година ќе биде година на конечно запирање на ширењето на КОВИД-19 и санирање на штетите од глобалната криза. Веќе е реализирана уплата за 833.000 вакцини за популација од околу 400.000 граѓани за вакцина и ревакцинација во рамки на Ковакс механизмот. Добри вести околу набавка на нови вакцини за нашите граѓани, во исто време кога ќе пристигнат од ЕУ денеска дојдоа и од нашите соседи. Тоа е добар знак.

Преку индустријата за одгледување канабис за медицински цели и за производство на продукти од оваа билка, светските и европски стандарди во новите економски можности ги носиме дома. Светот сведочи дека ова е една од најдинамичните индустрии во светот и политиката на Владата предводена од СДСМ да ги поддржува компаниите кои влегуваат во овој бизнис кој во нашата земја веќе отвора илјадници добро платени работни места.

Меѓу десетте приоритети од „Акција 21“ се и спроведување на попис според стандардите на ЕУРОСТАТ, вложувања во енергетиката и инфраструктурата, борбата против лажните вести, реформи на образованиот систем, како и искористување на нови економски потенцијали.

Пред нас е исклучително важна година. Година во која треба да се случи позитивен пресврт во нашето општество. Тоа ќе го постигнеме преку реализација на оваа иницијатива. Токму десетте приоритети од „Акција 21 – за европски стандарди дома” и нивното исполнување ќе биде наш мотив. Граѓаните заслужуваат да живеат во држава со европски стандарди, заслужуваат да живеат во отворено, развојно и напредно општество.

Тоа е нашата заложба за наредната 2021 година, но и за годините по неа. Ја носиме Европа дома, обезбедуваме подобар живот за секој граѓанин во нашата татковина“ порача Костадинов.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт