Утрински Весник
Македонија

(Видео) Костадинов: Пописот ќе се одржи согласно здравствените протоколи, здравјето на сите ќе биде заштитено

(Видео) Костадинов: Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса и Левица да ги вратат платите што ги земаат, срамно кочат закони и не одат на работа
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Пописот којшто ќе се одржи ќе биде согласно сите здравствени протоколи кои се одредени од здравствената комисија, порача пратеникот и портпарол на СДСМ, Костадин Костадинов, денеска од Собранието, во одговор на новинарски прашања.

Костадинов посочи дека државата има капацитет и е гарант дека во најголемата статистичка операција, целосно ќе биде заштитено здравјето како на граѓаните, таа и на попишувачите.

„ Попишувачите коишто ќе бидат на терен и во непосреден контакт максимално ќе ги почитуваат мерките и протоколите за заштита на здравјето. Овде државата е гарант дека од страна на попишувачите на ниту еден начин нема да биде загрозено здравјето на граѓаните. Од друга страна речиси 20 години сме без одржан попис и сметам дека навистина е голема неопходноста за одржување на една таква статистичка операција и како таква граѓаните ја разбираат и како таква ќе биде реализирана, имплементирана во државата“ заклучи Костадинов.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Саем на македонска традиционална кујна во Пустец

Муцунски: Одговорноста е важна, ние стоиме зад САД и венецуелскиот народ за слобода и демократија

Младиот Стивен Ивановски меѓу починатите во пожарот во Кран Монтана