Утрински Весник
Македонија

(Видео) Костадинов: Односите со Бугарија ги градиме во духот на Договорот за добрососедство

(Виде) Костадинов: Истрагата за изборното рекламирање покажува дека во ВМРО-ДПМНЕ ништо не е сменето

Македонскиот јазик e признат од целиот свет, односите со Бугарија ги градиме во духот на Договорот за добрососедство, изјави портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов, на прашање какви се реакциите на СДСМ во однос на меморандумот за којшто вчера слушна јавноста од страна на официјална Софија, којшто е испратен до останатите земји членки на ЕУ и дали тоа ќе ги наруши меѓусоседските односи и Договорот којшто е потпишан.

„Како сериозни политичари особено и како сериозна партија секогаш сме давале шанса да по пат на дијалог, по пат на обемни разговори ги затвораме сите крупни прашања коишто ги тиштат граѓаните на нашата држава, но и граѓаните на државите со којшто сме имале претходни тешки спорови. Она што е најважно дека еве и јас од овде сум Македонец, јас од овде зборувам македонски јазик, вие поставувате прашања на македонски јазик и секако и најважно согласно договорите, признаени од цел свет“, кажа Костадинов.

Тој рече дека е убеден дека камен на сопнување во нашиот интегративен пат кон ЕУ нема да бидат билатерални спорови во случајов со Република Бугарија.

Во меморандумот, Софија нагласува дека земјите кандидати не треба да внесуваат отворени спорови во ЕУ, и смета дека несогласувањата со Скопје претставуваат нерешен конфликт кој би можел при зачленувањето на Северна Македонија негативно да влијае врз носењето одлуки во ЕУ.

Софија оценува дека главните отворени прашања помеѓу неа и Скопје се јазикот, заедничката историја и малцинските прашања.

Што се однесува до јазикот, Софија го користи македонскиот јазик под наводници и смета дека до втори август 1944 не постоел ниту македонски јазик, ниту македонски етнички идентитет, и дека тие се создадени со цел да се поделат и одвојат народите во Социјалистичка Република Македонија и Бугарија. Софија смета дека македонскиот јазик е регионален дијалект на бугарскиот.

Во меморандумот Софија бара во ЕУ документите да стои „официјалниот јазик на Република Северна Македонија“ или во случај на апсолутна потреба „македонски јазик со фуснота“.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Стипендии за студенти на УКЛО од семејства со ниски приходи

До петок стабилно и сончево – викендов снег

Мајката-херој се борела со стерилитет, во бракот со сопругот 37 години се труделе да добијат деца