Утрински Весник
Македонија

(Видео) Костадинов: Николоски да одговори за поврзаностa во меѓунардониот скандал „Кавијар димпломатија“

(Видео) Костадинов: Николоски да одговори за поврзаностa во меѓунардониот скандал „Кавијар димпломатија“

Реномирани европски тинк-тенк организации, германски и домашни медиуми откриваат нов меѓународен скандал, поврзан и со Александар Николовски, пратеник и висок партиски функционер на ВМРО-ДПМНЕ, истакна портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

Како што потенцира Костадинов, според објавените наводи, постои огромен коруптивен скандал со дел од пратениците на Парламентарното Собрание на Советот на Европа и нивното политичко делување во Азербејџан.

„За да се квалификуваат изборите во Азербејџан како фер и демократски, дел од пратениците добивале пари, накит, скапи теписи, ноќевања во луксузни хотели во Баку и Инстанбул и што ли уште не. Ова особено за пратениците кои биле дел од набљудувачката мисија на изборите во Азербејџан во 2013 и 2015 година, како и на референдумот од 2016 година. Дел од таа мисија, а во еден наврат и шеф на мисијата бил и пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски“, вели Костадинов.

„Дека ова не се само обични тврдења за наводна корупција, покажува и случајот со колегата на Николоски, италијанскиот пратеник Лука Волонте, кој пред неколку месеци бил осуден на четири години затвор заради примање мито од Азербејџан. Ова почитувани е тежок меѓународен скандал каде директно е вмешан Александар Николоски. Затоа Александар Николоски, потпретседателот на Христијан Мицкоски и негова лева рака, треба да излезе пред јавноста и да се произнесе за овие тврдења. Дали поради овој скандал од страна на одредени европски организации Николовски е наречен „лидер на измамничка набљудувачка мисија“, запраша портпаролот и пратеник од СДСМ, Костадин Костадинов.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ признава дека за седум години власт државата ја остави без соодветна опрема за справување со пожарите

Реакција од Здружението на вработени во секторот игри на среќа „Сакам да работам“ на прес конференцијата на „Антикоцкање“

Зголемена фреквенцијата на возила на граничните премини Табановце и Пелинце