Утрински Весник
Македонија

(Видео) Костадинов: Мијалков беше принуден да се предаде

(Видео) Костадинов: Мијалков беше принуден да се предаде

Преку силен одговор на државата, бегалецот Сашо Мијалков, беше спречен да ја напушти државата и принуден да се предаде, а обезбеден е неговиот притвор, изјави портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

Според него, институциите, Владата и премиерот Зоран Заев презеле силна, координирана акција со која се обезбедила правдата.

„Правдата ќе ја има се почесто, а почести ќе бидат и вакви одговори на институциите кон сите кои се ставаат над законот и се обидуваат да си играат со владеењето на правото. Обезбедувањето на присуството на бегалецот Мијалков не значи и ослободување на одговорност на оние поради кои се случи тој да биде недостапен до органите. Очекуваме брза, ефикасна истрага која ќе ги лоцира пропустите кој довеле до можноста за бегство на Мијалков и секако санкции за одговорните за кои ќе се утврди дека сториле свесни и намерни пропусти“, изјави Костадинов.

Дополнително, додаде тој, сите надлежни институции мора да имаат предвид дека навремено треба да се превенираат вакви обиди во иднина, имајќи предвид тежината на предметите за кои се водат судски постапки.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Филипче: Започнуваме веднаш со работа, најавувам посета на сите општински организации 

СТУДЕН ЦИКЛОН НАД МАКЕДОНИЈА: Од овој петок, како и за време на викендот, многу дожд, снег и голема снежна покривка од над 50 сантиметри!

Македонска филхармонија го слави јубилејот со концертот „80 години – Љубов!“