Утрински Весник
Македонија

(Видео) Костадинов: Мицкоски бара одлагање на изборите во Штип зошто знае дека ќе изгуби

(Видео) Костадинов: Мицкоски бара одлагање на изборите во Штип зошто знае дека ќе изгуби

Барањето за одлагање на предвремените локални избори во Штип е само затоа што Христијан Мицкоски сака да ја зачува фотелјата во ВМРО-ДПМНЕ и знае дека повторно ќе загуби, рече денеска портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

„Мицкоски е свесен дека шансите за негова победа на предвремените локални избори, но и какви било други избори се многу мали. Ги уверивме граѓаните дека предвремените парламентарни избори со почитување на сите здравствени протоколи беа безбедни по здравјето, со сигурност такви ќе бидат и предвремените локални избори во Штип и Пласница“, посочи Костадинов.

Тој додаде дека самиот Мицкоски е најголема закана за јавното здравје.

„Изборите ќе бидат стопроцентно безбедни по јавното здравје. Она што не е безбедно по здравјето на граѓаните се протестите на ВМРО-ДПМНЕ, како и нивните активности во Парламентот, спротивни на протоколите“, кажа партискиот портпарол додавајќи дека за ваквото однесување на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ следува нова казна од граѓаните.

Извршниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија го утврди Сашко Николов како кандидат за градоначалник на Штип, за предвремените локални избори, кои наскоро треба да се одржат. Досегашниот градоначалник на Штип, Благој Бочварски, беше именуван за министер за транспрт и врски.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

СТУДЕН ЦИКЛОН НАД МАКЕДОНИЈА: Од овој петок, како и за време на викендот, многу дожд, снег и голема снежна покривка од над 50 сантиметри!

Македонска филхармонија го слави јубилејот со концертот „80 години – Љубов!“

Во Собранието пратенички прашања – 24info.mk