Утрински Весник
Македонија

(Видео) Костадинов: За Мицкоски најважно е да го брани Орце Камчев

(Видео) Костадинов: За Мицкоски најважно е да го брани Орце Камчев

Портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов изјави дека Христијан Мицкоски уште еднаш потврдил дека е на страната на криминалот и на страната на режимот.

Според него Христијан Мицкоски не е ништо друго освен како што рече, потрчко на Камчев, Мијалков и Груевски.

„Осомничениот Орце Камчев е обвинет во предмет заедно со Никола Груевски, за злоупотреба на пари кои влегувале во ВМРО-ДПМНЕ. Согласно обвинението, менторот на Мицкоски и осуден криминалец, Никола Груевски се товари дека присвоил 1,3 милиони евра за да купува плацеви од десетици илјади квадратни метри. Наместо да бара одговорност и враќање на парите, 1,3 милиони евра кои наводно се партиски пари, Мицкоски и актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ по секоја цена се растрчани во одбрана на Орце Камчев“, рече Костадинов.

Ова, како што рече Костадинов покажува дека хипотеките на Мицкоски кон тајкунот на режимот Орце Камчев се големи.

„Затоа првиот човек на партиската правна комисија на ВМРО-ДПМНЕ, Менкиновски е адвокат на Камчев. На Мицкоски поважен му е Камчев отколку парите на партијата, на членовите на ВМРО-ДПМНЕ. Не успеа досега Мицкоски, нема да успее ниту сега да го одбрани криминалот на режимот“, истакна Костадинов.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Сабриу: Со ова темпо на реформи градиме пофер, похумана и порамноправна Македонија

Во пукање на влезот на скопско Батинци убиен припадник на Армијата кој бил на користење слободен ден

ДУИ: Правичната и соодветна застапеност не е привилегија, туку уставно загарантирано право