Утрински Весник
Свет

(Видео) Корпа од туристички балон удри во далновод во САД, најмалку четворица мртви

(Видео) Корпа од туристички балон удри во далновод во САД, најмалку четворица мртви

Четири лица загинаа, а едно е во критична состојба откако денеска паднала корпа од туристички балон во Албакерки, во американската држава Ново Мексико, објавија локалните власти.

Балонот удрил во далновод некаде по 7 часот по локално време, додаваат властите, а корпата со патниците се откачила од балонот и паднала, објави Еј-би-си њуз.

Балонот продолжил да лета понатаму, а полицијата се обидува да го лоцира.

Еден од загинатите е пилотот.

Повредениот бил пренесен во болница.

Во еден дел од Албакерки 13.000 домаќинства немаат струја, објави локалниот медиум КОАТ.

Можете да прочитате

Цените на златото постојано растат

Во Шпанија прогласена тридневна жалост по железничката несреќа

ЕУ нема да попушти по прашањето за Гренланд, порача Калас