Утрински Весник
Македонија

(Видео) Колева: Mинималната плата сега изнесува двојно повеќе отколку пред четири и пол години

(Видео) Колева: Mинималната плата сега изнесува двојно повеќе отколку пред четири и пол години

Економските политики што ги презема Владата даваат резултати кои граѓаните ги гледаат и чувствуваат, порача на денешната прес-конференција Даниела Колева, пратеничка на СДСМ.

Како што посочи таа, од денеска започнува исплатата на мартовската плата, а од овој месец минималната плата изнесува 18.000 денари или околу 300 евра.

„Околу 80.000 граѓаните ќе добијат покачување на своите плати од речиси 3.000 денари, зголемување на платите ќе добијат и работници кои до претходниот месец имаа плата од 16 или 17.000 денари.

Со најновото зголемување, минималната плата сега изнесува двојно повеќе отколку пред четири и пол години кога во одредени дејности таа изнесуваше 8.800 денари.

Денес, просечната плата изнесува 29.980 денари и е за шест илјади денари повисока во однос на периодот од пред четири и пол години“, нагласи претставничката на СДСМ која додаде дека ова е вистинска грижа за граѓаните преточена низ конкретни мерки и политики.

Можете да прочитате

(Видео) Три хеликоптери утрово повторно дејствуваат на пожарот кај Блаце

Денес и утре (понеделник – вторник 7/8 јули) повторно над 40 степени!

Нормализиран сообраќајот до граничниот премин Блаце, укинати сите ограничувања