Утрински Весник
Македонија

(Видео) Колева: Пописот ќе се спроведе со целосна заштита на сите учесници

(Видео) Колева: Пописот ќе се спроведе со целосна заштита на сите учесници

Пратеничкта на СДСМ Даниела Колева истакна дека граѓаните треба да бидат спокојни, кога е во прашање спроведувањето на пописот, бидејќи според неа истиот ќе се одвива со целосно почитување на здравствените протоколи и мерки за заштита од коронавирусот.

„Здравјето на сите, како на граѓаните, така и на попишувачите ќе биде целосно заштитено, процесот на попишување ќе биде целосно безбеден од здравствен аспект“, рече Колева.

Според неа, преку добиените податоци од пописот, ќе се создаде јасна слика за образовната, демографската и социјалната структура, ќе се добијат јасни информации за потребите на општините и планските региони.

„Граѓаните да не подлегнуваат на манипулациите и повиците за бојкот на оваа важна статистичка операција. Бојкотот на пописот е кривично дело, постапка која не носи ништо добро за никого, чин што предизвикува штета на државните и национални интереси. Оние кои повикуваат на бојкот не и мислат добро на државата и работат спротивно на интересите на граѓаните“, рече Колева.

Можете да прочитате

Вечерва во Ноќно студио на 4тв анализа на економската реалност во Македонија

Усвоени измените – со Б категорија ќе се возат мотори до 125 см³

Истражување: Коруптивни шеми во јавните набавки во здравството воочени преку жалбите