Утрински Весник
Македонија

(Видео) Колариќ: Една недела антикорупциската комисија молчи за распределбата на субвенции за инвертер клими

Заврши повикот за субвенции на инвертери, поднесени 1.656 барања

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), една недела молчи за начинот на распределбата на субвенции за инвертер клими од Шилегов, изјави Светлана Колариќ, советничка во Советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ.

„Една недела откако поднесовме претставка и документација. Од ДКСК ни трага ни глас. Имаме сомнежи дека субвенциите се делени по партиски клуч, а изнесовме и информации дека субвенции добивале лица со живеалиште во централното градско подрачја, кои живеат на улиците „Народен Фронт“ и улица „Македонија“, каде што има приклучок на градска топлификациона мрежа, или се греат на струја, но не се греат на дрва“, обвинува Колариќ.

Во исто време, како што додаде, запоставени се жителите на Лисиче, Ѓорче Петров, Драчево и други населби, кои се греат на тврди горива и во текот на зимскиот период влијаат на зголемено загадување на воздухот.

„Шилегов го најави проектот како помош за нив, а заврши како помош за луѓе кои воопшто не се во зоните извор на загадување“, вели Колариќ.

Според опозициската партија, уште поголем сомнеж фрлила и произволноста на службите кои работат под диктат на Шилегов, а кои прифаќале за едни апликанти потврди од БЕГ, а за други изјави од Нотар. ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека немало никаква заштита на личните податоци на граѓаните и немало никаква унифицираност при нивната работа.

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер