Утрински Весник
Свет

(Видео) Кокаин, хашиш, алкохол и шунка понудени на божиќна лотарија на шпански нарко дилери

(Видео) Кокаин, хашиш, алкохол и шунка понудени на божиќна лотарија на шпански нарко дилери

Двајца шпански дилери се уапсени бидејќи имале намера да организираат божиќна лотарија, нудејќи кошница со кокаин, хашиш, алкохол, но и според традицијата и со дури осум килограми шунка.

При претрес на домови на дилери на дрога на истокот на Шпанија, полицијата пронашла плакат со најава за лотарија со наградата „кошница за дрога“. На ѕидот бил закачен и список на оние кои купиле ливчиња од пет и десет евра.

При полициската акција откриени се 165 насади марихуана, како и одредени количини кокаин и хашиш.

Во Шпанија вообичаено е да се донираат корпи со вино, шунка и слатки пред крајот на годината.

Можете да прочитате

Шефот на БлекРок: Војната може да заврши на два начина и двата се екстремни

Трамп до Унгарците: На изборите гласајте за Виктор Орбан

Иран изврши напади врз четири држави