Утрински Весник
Магазин

(Видео) Ковид-19 не ја спречи Ен Хатавеј да украде дијамант во трејлер за новиот филм

(Видео) Ковид-19 не ја спречи Ен Хатавеј да украде дијамант во трејлер за новиот филм

Додека остатокот од светот се затвори за да се заштити од Ковид-19, американската ѕвезда Ен Хатавеј започна нов филмски проект, романтична комедија чие дејствие е поставено во пандемијата што сè уште беснее околу неа.

„Мислам дека никој од нас не знае како успеавме да го завршиме снимањето“, изјави Хатавеј за „Ројтерс“ во разговор за новиот филм Locked Down („Заклучени“), кој почна да се прикажува на „Ејч-би-о макс“ во четврток (14 јануари).

Филмот раскажува приказна за еден пар на раб на разделба, сè додека ограничувањата наметнати од коронавирусот не ги остават заглавени заедно во Лондон.

Фрустрацијата од нивната присилен соживот и низа пресврти на заговор се претвораат во шема за кражба на дијамант од стоковната куќа Херодс.

Снимањето започна на есен кога Велика Британија повторно ги зголеми ограничувањата по релативно затишје.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Овие знаци ќе привлечат пари во 2026 година

Колку често треба да имате секс за среќна врска? Експерт открива „златна средина“

Неврохирург открива на што родителите мора да внимаваат за здрав мозок кај децата